Се освестил и го нападнал лекарот од Брза помош! На лов го ранил својот пријател!

Од Затвор Скопје пријавиле дека пронашле починат затвореник.

4,148

СЕ ОСВЕСТИЛ И ГО НАПАДНАЛ ЛЕКАРОТ – На 03.12.2020 во 01.55 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека нивна екипа била физички нападната на ул.„Втора македонска бригада“. Според пријавеното, нивната екипа отишла на местото на повик во врска со лице во бессознание, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички го нападнало лекарот А.Ф.. Полициски службеници излегле на местото и го обезбедиле С.Л.(57) од Скопје, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.

ПОЧИНАТ ЗАТВОРЕНИК – На 02.12.2020 во 08.00 часот во СВР Скопје, од Затвор Скопје било пријавeнo дека во затворот починал осуденикот Б.М.(41) од Ресен, кој издржувал казна затвор. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.






НА ЛОВ ГО РАНИЛ ПРИЈАТЕЛОТ – На 02.12.2020 во 10.17 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од огнено оружје бил донесен Ј.К.(35) од с.Канино, битолско. Полициски службеници извршиле разговор со Д.С.(36) од с. Бистрица и Р.Ј.(55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на с.Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ХЕРОИНОТ ГО ФРЛИЛ ОД ПРОЗОРЕЦ – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Н.(38) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.07.2020 на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“, во кое како сопатник се превезувал Н.Н., кој претходно од прозорецот на возилото фрлил пакување со хероин.

МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА ВО ДОМОТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Б.(34) од с.Теранци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.07.2020 во с.Теранци, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле рамка за автоматска пушка „калашников АК-47“ со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми маневарска муниција со калибар 7,62х 39 мм, кои неовластено ги набавил и држел кај себе.

ДРОГА ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР – На 02.12.2020 во 14.50 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во просторијата во Затворот била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.

БИЛ АГРЕСИВЕН И ЗАВРШИЛ ВО ПРИТВОР – На 03.12.2020 во 00.20 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ж.(24) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ГО ГРАБНАЛ СОПСТВЕНИОТ СИН – На 02.12.2020 во 16.11 часот во СВР Велес, 50-годишна кавадарчанка, пријавила дека во 13.50 часот во домот во Градско дошол нејзиниот сопруг Г.З.(50), со кого е во бракоразводна постапка, и го одзел нивниот малолетен син. Според пријавеното, родителите на В.З. се обиделе да го спречат, но тој ги удрил со вратата од возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НАПАДНАТ ВО ЦЕНТАР – На 02.12.2020 во 20.45 часот во СВР Скопје, И.А.(55) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во трговски центар на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Г.Б. од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

МУ НАШЛЕ ДРОГА ВО ВОЗИЛОТО – СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 08.06.2020, при преглед извршен во неговото возило „даеву тико“, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.

ОГРАБЕН МАРКЕТ ВО АЕРОДРОМ – На 02.12.2020 во 18.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на бул.„АСНОМ“  две лица со закана од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ГО НАПАДНАЛ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ВО БАНКА – СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(52) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 15.09.2020 пред банка во Куманово, пријавениот агресивно се однесувал и турнал вработен во агенција за обезбедување, кој одржувал ред пред банката.

НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА ШЕТАЛ НИЗ КИЧЕВО – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(73) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола, извршена на 11.11.2020, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се придржува до пропишаните мерки за заштита од ковид-19, како и до решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат за задолжителна изолација.

Поврзани содржини