СЕ ОНЕСВЕСТИ ЗА ВРЕМЕ НА НАСТАП, ПА ДОНЕСЕ ТЕШКА ОДЛУКА Пејачката се обрати до јавноста по драматичните сцени
Само неколку дена откако се онесвести за време на настапот на фестивалот „All Things Go“ во Њујорк, британската пејачка Лола Јанг објави дека донела тешка одлука. „Боли повеќе отколку што можете да замислите“
Само неколку дена откако се онесвести за време на настапот на фестивалот „All Things Go“ во Њујорк, младата британска пејачка Лола Јанг објави на Инстаграм дека ги откажува сите настапи на неодредено време.
Инцидентот се случил додека таа ја изведувала својата песна „Conceited“ на стадионот Форест Хилс. Публиката била во шок додека медицинскиот персонал морал да ја изнесе од сцената, според Би-би-си.
View this post on Instagram
24-годишната Британка стана позната по објавувањето на нејзиниот хит сингл „Messy“ од 2024 година, кој достигна прво место во Велика Британија, Австралија, Белгија, Хрватска, Ирска и Израел.
Песната беше исто така неверојатно популарна меѓу Ген З и на социјалната мрежа Тик-Ток, зголемувајќи го меѓународниот профил на пејачката.
Таа стана најмладата актуелна британска уметница со сингл на првото место после раперот Дејв во 2022 година, и најмладата британска жена која постигнала хит на врвот на топ листата после Дуа Липа во 2017 година.
Во својата објава на социјалните мрежи дека прави неопределена пауза од јавни настапи.
– Правам пауза на некое време. Ме боли што морам да кажам дека откажувам сè во догледна иднина – напиша Лола во долга објава на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на сите за нивната поддршка.
– Им се извинувам на сите што купија билет и што ги разочарав. Боли повеќе отколку што можете да замислите. Секако, ќе ви бидат вратени парите. Се надевам дека еден ден ќе ми дадете уште една шанса откако ќе поминам некое време работејќи на себе и ќе се вратам посилна – додаде пејачката.
Ова не беше прв пат таа да се соочи со здравствени проблеми. За време на настапот на фестивалот Коачела, одеднаш ѝ се слошило, почнала да повраќа и да се гуши на средина од настапот. Таа и претходно доживеала напад на анксиозност за време на еден од нејзините настапи.