Холивудската актерка Лили Колинс, најпозната по улогата во серијата „Емили во Париз“ викендов, го изговори судбоносното „да“ на Чарли Мекдауел.
Двојката се венча на приватна церемонија во Колорадо, а среќната вест на Инстаграм ја сподели самата Лили.
Славната 32-годишна актерка објави романтични фотографии од венчавката, со емотивна посветена на својот новопечен сопруг.
„Никогаш не сакав да бидам некому нешто повеќе отколку тебе, а сега можам да ти бидам жена. На 4 септември 2021 година, официјално станавме еден на друг сѐ и тоа засекогаш. Те сакам повеќе од сѐ. Никогаш не сум била посреќна“, напишала Лили.
View this post on Instagram
„Она што започна како бајка, сега е моја реалност до крај. Никогаш нема да можам да опишам на вистински начин колку беше неверојатен изминатиот викенд, но магично е мошне добар збор за почеток“, додала таа.
Актерката блескала во бела венчаница од тантела инспирирана од винтиџ моделите, која ја следи линијата на телото и има со долга наметка со качулка.
Мекдауел, инаку холивудски режисер, и Лили ја потврдија својата врска во август 2019 година, а се свршија една година подоцна.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм