📷 СЕ ОМАЖИ СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ОТКАКО ПРЕЖИВЕА ТРИ МОЗОЧНИ УДАРИ И ИНФАРКТ Деми Ловато по животните турбуленции дочека голема среќа
Познатата пејачка Деми Ловато (32) се омажи за Џордан Луц. Таа блесна во венчаница во крој на принцеза. Свадбата ја организираше Минди Вајс, познато име во Холивуд.
Познатата пејачка Деми Ловато (32) се омажи за Џордан Луц. Таа блесна во венчаница во крој на принцеза. Свадбата ја организираше Минди Вајс, познато име во Холивуд. Музичката и телевизиска ѕвезда и поранешна ѕвезда на „Дизни“ својата втора свршувачка ја круниса со брак, откако нејзината прва свршувачка со Макс Енрих заврши со раскинување по шест месеци врска.
View this post on Instagram
Деми Ловато доживеа голема среќа по големите турбуленции во нејзиниот живот. Таа не се откажа од љубовта по поразот, ниту од самиот живот среде нејзините најголеми драми. Пејачката и актерка го достигна нивото на светска популарност, а потоа раскажа низа вознемирувачки детали од својот живот, вклучувајќи го и фактот дека била жртва на силување како тинејџерка и на тој начин ја изгубила невиноста. Сè се случило додека таа работела за компанијата „Дизни“, сторителот на насилството е од светот на филмот, но неговото име не е откриено.
View this post on Instagram
Во 2021 година, Деми Ловато откри во документарната серија „Танцување со ѓаволот“ што ѝ се случило откако се предозирала во 2018 година.
– Имав три мозочни удари, имав срцев удар. Лекарите тогаш рекоа дека ми остануваат уште пет до 10 минути живот – рекла таа во документарецот.
Се верува дека Деми се предозирала со хероин. Пејачката и актерка во документарната серија се споредила себеси со мачка бидејќи преживеала многупати.
– Имам оштетување на мозокот и денес се борам со последиците. Не возам автомобил затоа што имам проблем со видот – рекла таа, а потоа додала дека долго време имала тешкотии со читањето.
– Навистина беше голема работа кога успеав да ја прочитам книгата, да речеме, два месеци подоцна, бидејќи видот ми беше толку заматен – истакна таа.
– Поминаа две години откако се соочив лице в лице со најтемната точка во мојот живот, но сега сум подготвена да ја споделам приказната со светот. За првпат, ќе можете да видите, од моја гледна точка, како се одвиваа мојата борба и трајното лекување. Благодарна сум што успеав да го поминам ова патување, да се соочам со минатото и конечно да го споделам со светот – порачала таа во најавата за документарецот.
Неодамна се пишуваше за трансформацијата на нејзиниот изглед и дека видливо ослабела.