СЕ ОКРУПНУВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИОТ ПАЗАР Јунајтед груп го презеде грчкиот оператор Wind Hellas
Трансакцијата ќе овозможи United Group да го комбинира Wind со својот постоечки грчки платен ТВ провајдер Nova за да создаде силен конвергентен оператор кој ќе биде играч број два и во широкопојасен интернет и во телевизиските услуги.
Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas.
Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните 5 години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е една од најголемите инвестиции во Грција во последните години.
Групацијата ја прошири понудата на услуги во Грција за уште 3,4 милиони корисници, со што бројот на корисници на Јунајтед во таа земја се зголеми на 4,7 милиони или вкупно 15,2 милиони на сите пазари на кои работи.
Трансакцијата ќе овозможи United Group да го комбинира Wind со својот постоечки грчки платен ТВ провајдер Nova за да создаде силен конвергентен оператор кој ќе биде играч број два и во широкопојасен интернет и во телевизиските услуги.
Јунајтед со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа.
Wind-Hellas е трет мобилен оператор во грција кој создава приходи поголеми од 500 милиони евра годишно.