СЕ ОГЛАСИ СОПРУГАТА НА ВИЛ СМИТ Со објавата ги збуни сите (ФОТО)
Многу актери зборуваа за шамарот на Вил, но не толку за жената поради која сѐ се одигра - Џејда Пинкет Смит.
За прв пат по скандалот на 94. доделување на Оскарите, во кој актерот Вил Смит му удри шлаканица на колегата Крис Рок, се огласи неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Веќе втор ден по ред не престанува да се зборува за скандалот што ги одбележа Оскарите – вербално-физичката пресметка помеѓу Вил Смит и Крис Рок. Многу актери зборуваа за шамарот на Вил, но не толку за жената поради која сѐ се одигра – неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
View this post on Instagram
Кавгата на сцената се случи кога Крис Рок се „пошегува“ со опаѓањето на косата на Џејда Пинкет, а потоа видеото во кое актерот го удира водителот го обиколи целиот свет.
Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок, а два дена по инцидентот, неговата сопруга првпат проговори.
Џејда на ниту еден начин не го коментираше скандалот и воопшто не се огласи, освен што на Инстаграм се пофали со раскошната, впечатлива креација на дизајнерот Жан Пол Готје.
View this post on Instagram
Дури денеска, 50-годишната Џејда ѝ се обрати на јавноста со зборови, а не само со слика, споделувајќи ја на Инстаграм реченицата: „Ова е сезона на излекување и јас сум тука за тоа“.
Што се крие зад оваа мистериозна порака и што сакаше да порача актеркета не е познато, а можете само да погодувате.
Смит, инаку, по инцидентот отишол на забава, а Американската филмска академија размислува дали да му го одземе Оскар.
ФОТО: Инстаграм