📽 СЕ ОГЛАСИ СЕМЕЈСТВОТО НА УБИЕНИОТ ГРЧКИ НАВИВАЧ Лага е дека е убиен од навивач на АЕК, имаме цврсти докази за тоа

Адвокатите на семејството наведуваат дека информациите дека можеби зад убиството на Михалис стои навивач на АЕК не соодветствуваат со реалноста, а обидите да се префрли вината на друга страна ги споредуваат со методите на Јозеф Гебелс во нацистичка Германија.

1,951

Адвокатите на семејството на Михалис Кацурис, навивачот на АЕК кој беше убиен во хулиганските нереди во Атина, Христос Мавроматис и Ставрос Георгопулос вчера вечер ја пренесоа изјавата на семејството.

Во соопштението адвокатите наведуваат дека информациите дека можеби зад убиството на Михалис стои навивач на АЕК не соодветствуваат со реалноста, а обидите да се префрли вината на друга страна ги споредуваат со методите на Јозеф Гебелс во нацистичка Германија, пренесува Индекс.хр






„Очигледно не го почитувате Михалис (за почитување на мртвиот мора да има душа).

Очигледно немате почит кон неговото семејство.

Очигледно немате почит кон оние кои се борат да ја откријат вистината (судиите). Но, ова искривување на реалноста навистина оди предалеку“ – стои во објавата од семејството на убиениот навивач на АЕК.

Телевизијата SKAI во последните неколку часа ја објави веста дека дел од полицајците сметаат дека е можно друг навивач на АЕК кој бил покрај него за време на нередите да е одговорен за убиството на Михалис Кацурис.

„Бидејќи оваа верзија не одговара на реалноста, изјавуваме дека ќе ги искористиме сите правни средства за борба против: секој што се обидува да ја измие одговорноста од полицијата и, од за секое општество опасните нацистички хулигани од Хрватска, како и од нивните помагачи во Грција, секој кој се обидува да ги превиди или промени елементите на случајот, секој кој се обидува да прикрие трагичен настан и да го сведе на повреда од небрежност.

А, бидејќи не можеме да навлегуваме во детали поради тајноста на распитот, ве предупредуваме дека има цврсти докази против оваа последна верзија“, се вели во соопштението на адвокатот на убиениот Михалис Кацурис.

Поврзани содржини