СЕ ОГЛАСИ ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ Каква е состојбата на Кејт Мидлтон?
Кралската палата сè уште не посочи кога принцезата од Велс би можела да се врати на јавните обврски.
Британскиот принц од Велс Вилијам изјави дека неговата сопруга, принцезата Кејт се чувствува подобро и дека би сакала да бидe присутна на комеморацијата на Денот Д – годишнината од слетувањето на сојузничките трупи во Нормандија.
Принцот Вилијам го рекол ова во разговорот со ветераните по комеморацијата на годишнината во Портсмут и додал дека Кејт е сè подобра, пренесува „Тајмс“.
Принцезата од Велкс Кејт Мидлтон на крајот на март објави дека има рак, но ниту таа ниту кралската палата не појаснија за каков вид на рак се работи.
Кралската палата се уште не соопштила кога принцезата би можела да се врати на јавните обврски.
Постоеја шпекулации дека принцезата можеби е доволно добро за да учествува на воен настан во Лондон на 8 јуни.