СЕ ОГЛАСИ ПРЕТЕПАНИОТ БОЖИНОВСКИ И ПОРАЧА – ПРЕЖИВЕАВ! Јас не се плашам, вашите деца се на ред!
„Вашите деца се на ред, тие живеат во оваа ѕверска црна дупка. Ако не помислувате на нив, не го ни заслужувате нивното внимание. Се подготвуваат да ви заминат, а вие глумете современо новинарство по правила напишани од Курто и Мурто“, напиша Зоран Божиновски на својот профил на Фејсбук.
Под наслов „Преживеав“, на својот профил на Фејсбук се огласи новинарот Зоран Божиновски, кој синоќа беше нападнат од две маскирани лица пред својот дом во Битола и пред очите на својата сопруга и тешко повреден.
„Како контроверзен, а всушност неприлагоден новинар во македонската медиумска баруштина, денес со ладна глава гледам на ова што се случува. Ми се случува мене, ама во прашање е општа небезбедност. Секој ден имаме насилство, пријавено или непријавено, секој ден малите луѓе трпат од наводно големите, оние што ги ограбија“, пишува Божиновски и потсетува на деветгодишен кривичен прогон против него.
„Од моето мислење не се плашам, апсолутно не ме интересира дали некому му се допаѓа или не му се допаѓа. Ако нема кандидати за дебата, молчете си и натаму и гледајте сеир. Вашите деца се на ред, тие живеат во оваа ѕверска црна дупка. Ако не помислувате на нив, не го ни заслужувате нивното внимание. Се подготвуваат да ви заминат, а вие глумете современо новинарство по правила напишани од Курто и Мурто…“
Ова е постот на Божиновски: