СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ На маркизата од Чолмондели не ѝ се допаѓа љубовниот триаголник
Шпекулациите за нејзината афера со Вилијам не престануваат, а деновиве Кејт и сопругот биле забележани во продавница, па Сара Роуз по тој повод се огласила.
Наводната љубовница на принцот Вилијам, Сара Роуз Хенбери (40), се огласи и сака да биде исклучена од љубовниот триаголник во којшто се наоѓа со принцот Вилијам и со Кејт Мидлтон.
Шпекулациите за нејзината афера со Вилијам не престануваат, а Кејт и сопругот деновиве биле забележани во продавница, па Сара Роуз по тој повод се огласила.
– Приказните се целосно невистинити – изјавила таа преку своите адвокати во саботата, на 16 март.
Роуз негирала дека принцезата од Велс исчезнала од јавноста бидејќи дознала дека Сара и принцот биле во близок однос.
Но, како се вклопила Сара Роуз во целата приказна?
– Се плашам дека имам сериозни вести за британското кралско семејство. Интернет детективите велат дека отсутноста на Кејт има врска со нејзиниот сопруг, идниот крал на Велика Британија Вилијам, кој има афера. Сите знаеме која е втората наводна жена, изговорете заедно со мене, маркизата од Чолмондели (титулата на Сара Роуз Хенбери). Имаше приказни дека аферата меѓу Вилијам и неа започнала во 2019 година. Според таблоидите, Кејт тогаш се соочила со тоа, а тој се насмеал и рекол дека меѓу нив нема ништо – изјави водителот Стивен Колберт во својата емисија „Д лејт шоу Стивен Колберт“.
Кенсингтонската палата ништо не коментирала за наводната афера. Хенбери со години е поврзана со кралското семејство, била и на венчавката на Кејт и на Вилијам во 2011 година, како и на погребот на Филип во 2021 година. Поранешната манекенка се венчала со Дејвид Чолмондели во 2009 година.
– Кејт смета дека тие гласини се штетни, смета дека самата помисла што ќе читаат нејзините деца на Интернет еден ден е многу лоша – изјавил извор близок до кралското семејство.
🎥 КЕЈТ МИДЛТОН Е ЖИВА И ЗДРАВА! Папараците првпат ја снимија принцезата по операцијата