Како што знаеме, светот се наоѓа во една тешка ситуација во која што има сериозна закана по јавното здравје – вирусот ковид-19.
Италијанскиот пејач Ерос Рамацоти се огласи по пат на социјалната мрежа Инстаграм, по повод тешката ситуација со која што се справува неговата земја – Италија.
Тој на својот народ му упати зборови на поддршка, истакнувајќи дека само доколку се придржуваат до правилата и законите, брзо ќе може да се победи вирусот.
„Само доколку се придржуваме до правилата и законите, можеме да допринесеме во тоа побрзо да го победиме вирусот“, порачал тој па покренал лавина позитивни коментари од своите фанови.
FOTO: Instagram/Printskrin