Се огласи девојката која била нападната во Струмица: Носеа секири и ножеви!

Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, напиша струмичанката на социјалните мрежи.

12,576

По денешната брутална тепачка во центарот во Струмица во која беше истепан еден човек, на социјалните се обрати и девојка која тврди дека претходно била нападната од група вооружени лица, објави „Струмица денес“.

„После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови“, напиша девојката.






Денеска околу пладне се случила тепачката во центарот на Струмица, а во која учествувале повеќе лица. Снимка од инцидентот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.

Плусинфо побара повеќе информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), но оттаму посочија дека засега не можат да откријат детали, оти случајот го води Јавното обвинителство.

Некои медиуми објавија дека наводно еден од телохранителите на премиерот Зоран Заев бил вмешан во инцидентот, но тој веднаш на Фејсбук ги демантираше гласините.

„Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека ‘нападнатите лица‘ на видео снимката не биле само двајца туку биле дваесетина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во казино со дрвја, камења и со ладно оружје“, напиша Александар Трајков на социјалната мрежа.

Поврзани содржини