СЕ ОДНЕСУВА ЛОШО СО ВРАБОТЕНИТЕ, НО ГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ САКААТ ДА РАБОТАТ ЗА НЕГО Колку Маск ги плаќа своите вработени?
Анкета на Benzinga направена лани покажува дека 69% од учесниците рекле дека би сакале да работат за Маск, 40% дефинитивно рекле да, додека 29% рекле дека би сакале ако платата е добра.
Платата на Илон Маск кој е извршен директор на неколку познати компании е несразмерно висока во однос на платите на вработените во неговите компании и споредено со директорите на голем број компании во САД. Дополнително Маск го бие глас дека се однесува лошо кон своите вработени, но голем број луѓе сакаат да работат во неговите компании.
Business Insider прави споредба на платата на Маск која ја добива во фабриката за електрични возила „Тесла“ која според 10-годишниот план за плата одобрен од акционерите од април годинава е проценета на 44,9 милијарди долари.
Според Business Insider, компанијата „Тесла“ на повеќето од своите вработени им плаќа меѓу 85.000 и 175.000 долари годишно. Така логистички аналитичар зема годишна плата од 85.333 долари, вонреден инженер за производство – 93.983 долари, инженер за обезбедување квалитет – 104.221 долари, глобален менаџер за набавки – 119.890 долари, менаџер на техничка програма прима годишно 120.083 долари, хардверски инженер – 142.342 долари, инженер за електронски дизајн: 161.157 долари, менаџер за механички дизајн: 173.200 долари, инженер за развој на софтвер: 175.703 долари
Податоците, пак, од Glassdoor и Indeed покажуваат дека извршните директори и менаџерите на групи во Х заработуваат повеќе од 235.000 долари годишно, научниците за податоци во просек заработуваат околу 167.000 долари, а аналитичарите заработуваат близу 135.000 долари годишно.
Во март минатата година, протечената е-пошта на персоналот откри дека милијардерот понудил грантови од 20 милијарди долари на вработените во Твитер. Грантовите ќе се доделуваат четири години, а Маск изгледа прилично оптимист за идната вредност на платформата.
За Маск инаку се зборува дека лошо се однесува кон вработените, но анкетите покажуваат дека голем број луѓе сакаат да работат во неговите компании. Една направена лани од Benzinga, покажува дека 69% од учесниците рекле дека би сакале да работат за Маск, 40% дефинитивно рекле да, додека 29% рекле дека би сакале ако платата е добра.
„Инсајдер“ пренесува изјава на еден од основачите на SpaceX, Џим Кантрел.
-Работата со Илон беше како да работиш со двајца различни луѓе: добриот Илон и лошиот Илон, и никогаш не знаеше што ќе добиеш. Неговата добра страна беше забавна и шармантна и полна со големи идеи, но неговата лоша страна се состоеше од многу фрустрации и викање, како ништо никогаш да не било доволно добро за него – изјави Кантрел.
Тој вели дека Маск отсекогаш размислувал „големо“ и дека би очекувал и вие да го направите истото доколку работите таму.