СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПРЕМИЕР Рама го поддржа Курти за договорот за табличките

Косовскиот премиер Албин Курти се соочи со обвинувања по постигнувањето на договорот со Србија за регистарските таблички.

127

Албанскиот премиер Еди Рама застана во одбрана на својот косовски колега Албин Курти по обвинувањата по постигнувањето на договорот меѓу Косово и Србија за проблемот со регистарските таблички.

Во објава на Твитер вели дека Албин Курти не може да биде нападнат за договорот, кој е „соодветен и благодарение на кој е избегната ескалација на ситуацијата”.






Според Рама, Курти не може да биде обвинуван бидејќи се однесувал како премиер.

„Воопшто не се согласувам со нападите врз Албин Курти по правилниот договор кој за среќа го затвори повторно отворениот пат на непредвидливи случувања! Да го нападнеш Албин затоа што се однесувал како премиер е исто како да бараш отчет од него затоа што не размислува и зборува исто како кога бил во затвор”, напиша Рама на Твитер.

Косовскиот премиер се соочи со обвинувања по постигнувањето на договорот со Србија за регистарските таблички.

Активисти на Социјалдемократската партија, симболично го гаѓаа со цреши пред зградата на Владата каде што требаше да го претстави буџетот за 2023 година. Тие фрлаа цреши кон Курти, кој потоа влезе во зградата преку таен влез, придружуван од обезбедувањето.

 

Поврзани содржини