СЕ ОДЛОЖИ СУДЕЊЕТО ЗА НАПАЃАЧОТ НА ПЕНДИКОВ Одбраната на Илија Спасески ги побара доказите од обвинителството

Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на Спасески ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Рочиштето е закажано за 5. април.

95

Главната расправа од судењето против Илија Спасески, напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Христијан Пендиков, е одложено за 5 април, реши денеска Основниот суд во Охрид.

Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетиот Спасески рочиштето да се одложи и да ѝ бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството. Нема доставено и адреса на оштетениот Пендиков, а обвинителите кажаа дека не знаат кога тој ќе може да дојде во судот поради здравствени причини.






Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на Спасески ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Првиот обвинет Спасески досега се бранеше со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Вториот обвинет, пак, 23-годишен битолчанец кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што сè уште се наоѓа.

Поврзани содржини