СЕ ОДБЕЛЕЖУВА „ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА“ Во фокусот Арбрешите кои се преселиле во Италија
Културно-научната манифестација „Денови на азбуката“ се организира во соработка помеѓу Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците и ИДКНА.
Во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА) од денеска до 22 ноември започнуваат активностите за одбележување на Деновите на албанската азбука. Културно-научната манифестација „Денови на азбуката“ се организира во соработка помеѓу Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците и ИДКНА.
– На денешен ден пред 109 години се започнати активностите на Конгресот за нашата азбука во Битола и од таа причина денеска го отвораме третото издание на културно-научната манифестација „Денови на азбуката“ – изјави првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Директорот на ИДКНА, Скендер Хасани посочи дека манифестацијата секоја година се одбележува со посебна тема, а оваа година темата е за Арбрешите кои се преселиле во Италија во 15-тиот век, во времето на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, чиј дух ги водел Албанците кон Европа.