СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ГО СИЛУВААТ ВО ШКОЛСКИ ДВОР Ужасно врсничко насилство во Ѓорче Петров
44-годишен маж од Скопје пријавил дека вчера во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште во Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него, јави полицијата.
Двајца малолетници вчера нападнале и се обиделе да силуваат нивен соученик во школски двор во едно од училиштата во Ѓорче Петров, јави полицијата.
Грозоморниот чин, во кој учениците употребиле тврд предмет, го пријавил таткото на жртвата.
„На 8.10.2024 година во 20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.