СЕ ОБИДЕЛ СО АВТОМОБИЛ ДА ВЛЕТА ВО РУСКАТА АМБАСАДА ВО СТОКХОЛМ Маж е уапсен за тежок напад
Мажот не успеал во обидот да ја нападне руската амбасада во Стокхолм и бил уапсен поради сомнение за тежок напад.
Шведската полиција уапсила маж кој рано утринава се обидел со автомобил да мине низ вратите на руската амбасада во Стокхолм, објави Ројтерс.
Мажот, кој е на 45-годишна возраст, не успеал во обидот и бил уапсен поради сомнение за тежок напад.
Полицијата не соопштува дополнителни информации за идентитетот на мажот.
Портпаролот на полицијата изјави дека нема индикации за мотив и дека во возилото нема ништо сомнително.