📷 СЕ ОБИДЕЛ ДА ВНЕСЕ ЗЛАТО, КУФЕРОТ „ПРОПЕАЛ“ Цариниците кај Стење открија накит вреден 5.000 евра
Накитот бил скриен во куфер меѓу лични предмети и бил запакуван во оригинални кутии за накит. Против сторителот, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за криумчарење.
Пет златни белегзии вредни 346.000 денари биле откриени на граничниот премин Стење, откако царинските службеници заедно со граничната полиција извршиле вонредна контрола, јави Царинската управа.
Накитот бил скриен во куфер меѓу лични предмети и бил запакуван во оригинални кутии за накит. Против сторителот, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за криумчарење.
Од Управата додаваат дека лицето се обидело да ја пренесе стоката без да ја пријави кај надлежните органи, што претставува прекршување на законите за царинска регулатива. Обвинителството го презема предметот.
