СЕ ОБИДЕ ДА ГО ПРИКРИЕ ИНЦИДЕНТОТ СО БЕБЕТО Општина Гевгелија бара отказ за директорката на градинката „Детска радост“
„Директорката на детската градинка се обиде да го прикрие инцидентот кој се случи минатата недела врз 10-месечно дете. Директорката требаше веднаш да ги суспендира одговорните за инцидентот на 22.11.2022 година“, се вели во соопштението.
Министерството за труд и социјална политика да ја разреши директорката на детската градинка „Детска Радост” во Гевгелија од функцијата директор, поради нестручно и несовесно работење, се вели во општинското соопштение откако Советот на Општина Гевгелија одржал седница и донел заклучоци со препораки до МТСП.
„Директорката на детската градинка се обиде да го прикрие инцидентот кој се случи минатата недела врз 10-месечно дете. Директорката требаше веднаш да ги суспендира одговорните за инцидентот на 22.11.2022 година“, се вели во соопштението.
Од таа причина, наведено е во соопштението, Советот на Општина Гевгелија заедно со градоначалникот, по исцрпната дискусија, решиле да испратат препораки до МТСП, со цел ставање крај на хаосот во оваа институција.
„Министерот за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија и Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот за донесување на годишна завршна сметка на ЈОУДГ ‘Детска Радост’ – Гевгелија, одземени со решение бр.16-3102/1 од 07.04.2022 година. Министерот за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Градоначалникот на Општина Гевгелија во делот за избор на кандидат предложен од Управниот одбор за директор на ЈОУДГ ‘Детска Радост’ – Гевгелија, одземени со решение ИП1 16-4733/3 од 27.06.2022 година. Министерот за труд и социјална политика да ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија во делот за именување и разрешување на претставници од родители на деца згрижени во ЈОУДГ ‘Детска Радост’ – Гевгелија во Управниот Одбор на ЈОУДГ ‘Детска Радост’ – Гевгелија, одземени со решение ИП1 16-559/3 од 01.11.2022 година“, наведено е во реакцијата.