СЕ НОРМАЛИЗИРА СОСТОЈБАТА СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО Саниран дефектот што го остави без вода дел од центарот на Скопје

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираа дека дефектот е саниран ноќеска во 03:50 часот.

96

Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредба близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје.

Дефектот, како што информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е саниран ноќеска во 03:50 часот.






Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата кај МКЦ, вчера од 08:50 часот без вода останаа и корисниците на дел од Крњево, Керамидница, Т.Ц „Ист Гејт“, бул.„Александар Македонски“ до бензинската пумпа „Лук Оил“, Пожарната, а намален притисок имаа населбите „Маџари“ и „Хиподром“.

Поврзани содржини