„СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ ВО СВЕТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Училиштето „Јахја Кемал“ 30 години е дел од македонското образование

Поради тоа, горди сме со придонесот што училиштата „Јахја Кемал“ го даваат во македонското образование, како и со постигнатите успеси, да се ​​натпреваруваме со светот за Македонија, директорот за односи со јавноста на училиштето, потсетувајќи дека низ години ќе останат забележани многу медали на европски и светски натпреварувања во математика, физика, хемија, филозофија и во биологија.

657

Училиштата „Јахја Кемал“ низ Македонија во септември ќе прослават 30 години од своето постоење, а тие се едни од првите кои испратија студенти на престижните светски универзитети како Харвард, МИТ, Минхен, Оксфорд, ETH, Кембриџ.

Суреа Таук, директорот за односи со јавноста на училиштето, кој е таму од самите почетоци во 1996 година, во интервју за МКД вели дека овој тренд и понатаму ќе продолжи.

–  Поради тоа, горди сме со придонесот што училиштата „Јахја Кемал“ го даваат во македонското образование, како и со постигнатите успеси, да се ​​натпреваруваме со светот за Македонија – вели Таук, потсетувајќи дека низ години ќе останат забележани многу медали на европски и светски натпреварувања во математика, физика, хемија, филозофија и во биологија.

Но, според Таук клучно е што учениците во „Јахја Кемал“ се личности што ги прифаќаат принципите на толеранција и дијалог во сите области и ги почитуваат човечките вредности.

– Образованието во мултиетничка средина им овозможува да стекнат навики за соживот, да се развијат како среќни и успешни индивидуи и да придонесат за македонската и светската култура – објаснува тој.

Тој наведува неколку причини зошто родителите би се одлучиле да го запишат своето дете во некое од училиштата на „Јахја Кемал“.

Првата причина, вели Таук, е дека училиштето строго се придржува до програмите за средно образоавание објавени од Министерството за образование и е во контакт со институциите, но и се грижи за исполнување на одредени меѓународни стандарди во самиот процес.

Друга причина, вели Таук, е дека голем дел од часовите се реализираат на англиски јазик, а учениците имаат можност и да учат и турски и германски јазик.

Третата причини, според Таук, е грижата за редот, дисциплината, но и за безбедноста на училиштето.

Таук откри и некои од новините кои се планираат за следната учебна година. Тоа се нови паралелки со математичко-информатичка насока, кариерн советник кој ќе им помага на учениците да ги планираат своите кариери, почнувајќи од шесто одделение.

Тука се и натпреварот FirsSTep Project за учениците од трето одделение па нагоре, кој треба да ги припреми за националниот натпревар FirSTep Grand Final и за мжни светски натпревари.

Училиштето ќе ја користи платформата My EduCare за да ги информира родителите за сите детали. Исто така, од септември ќе бидат ангажирани наставници експерти како координатори.

Училишето исто така ќе ги обнови спортските терени и компјутерските лаборатории, а планирани се и многу клупски активности, како Клуб за роботика, за пијано, за новинарство, уметнички клуб, дебатен клуб, клуб за гитара и за пијано…

 

Поврзани содржини