Се намалува бројот на слободни места во ковид-центрите низ земјата

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 350 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

236

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 916 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 350 лица со ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.






Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало прием на четири нови пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33, на Институтот за ТБЦ има 55 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Од Здравство велат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот во Скопје имало 22 слободни места, а отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 566 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 20, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 11, Кавадарци 76, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поврзани содржини