Се намалува бројот на ново заразените со коронавирусот во Словенија

Со последните случаи, вкупниот број на заразени со Ковид-19  во Словенија изнесува 684.

966

Во последните 24 часа словенечките здравствени власти потврдиле 52 нови случаи на лица заразени со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Ова во споредба со изминатиот ден претставува намалување на бројот на ново заразените, имајќи во предвид дека вчера имаше 70 ново заболени.






Со последните случаи, вкупниот број на заразени со Ковид-19  во Словенија изнесува 684.

Од сите заразени хоспитализирани се 90 пациенти, а само 25 се во одделенијата за интензивна нега.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин на редовната прес конференција објави дека пациентите кои се на интензивна нега се ставени на апарати за вештачко дишење и дека нема нови починати лица како последица на Ковид-19.

Поврзани содржини