СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој
Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за 2%, а државниот долг е намален за 0,7%.
Јавниот и државниот долг се намалени во првиот квартал од годинава. Сега јавниот долг е 57,7%, а државниот долг е 50,1% од БДП, објави на својот Фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски.
„Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за 2%, а државниот долг е намален за 0,7%. Одлични индикатори за состојбата на македонската економија. После првата фаза на стопирање на слободното паѓање што се случуваше седум години, побргу од очекуваното се случи консолидирање, сега следува период на развој и реализација на стратешките цели во овој мандат на владата. Продолжуваме со дисциплинирани и развојни економски политики“, напиша Мицкоски.