„СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ТРАМП СЕ ШЕГУВА“ Кремљ верува дека изјавата за кроењето заговор против САД е чиста иронија
Според Ушаков, лидерите на Русија, Кина и Северна Кореја немале намера да планираат заговор за време на церемонијалните настани во Пекинг.
Кремљ се надева дека изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за наводен „заговор“ меѓу Русија, Кина и Северна Кореја била дадена со иронија, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков за руските медиуми.
Според Ушаков, лидерите на Русија, Кина и Северна Кореја немале намера да планираат заговор за време на церемонијалните настани во Пекинг.
Трамп, пак, на социјалните мрежи го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да ја памети помошта на САД во Втората светска војна и побара да им ги пренесе неговите поздрави на рускиот претседател Владимир Путин и на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, навестувајќи дека тие планирале заговор против Вашингтон за време на воената парада во Пекинг.
На парадата по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна на плоштадот Тјенанмен, Кина прикажа модерно вооружување, вклучувајќи беспилотни летала, хиперсонични ракети, подводни дронови и противбродски системи.
Си Џинпинг истакна дека Кина е „непобедлива“ и нема да подлегне на закани. Тој не ги спомна САД, но им се заблагодари на сите земји за придонесот во победата.
Од друга страна, Трамп изјави дека не гледа закана во можна „оска“ меѓу Кина и Русија против интересите на САД.
„ДА ВЕ ПОЗДРАВАМ ДОДЕКА КОВАТЕ ЗАГОВОР ПРОТИВ САД“ Трамп реагираше на парадата во Пекинг