СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПРОФЕСОРИТЕ ПО ПРАВО ВО ЛЕВИЦА ДОБРО ЈА СКОЦКАЛЕ КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА Мицкоски му се закани на Апасиев со контра пријава за лажно пријавување

Ако сте погрешиле, а притоа сте нанеле некому штета поради вашата грешка, тогаш доблесно би било да се извините затоа што може да се соочите со контра-кривична пријава за клевета и за лажно пријавување. Јас барем така ги гледам работите, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

841

Ги повикувам органите да се произнесат по кривичната пријава и доколку постои дело, веднаш да постапат. Јас сум тука, не бегам, па ако оценат дека сум направил некаков прекршок, подготвен сум да одговарам и да ги сносам последиците, изјави премиерот Христијан Мицкоски откако политичката партија Левица денеска поднесе кривична пријава против него поради, како што велат, попречување на истрагата во трагедијата во Кочани.

– Нека не чекаат ни минута. Тука сум, веднаш нека делуваат. Во однос на кривичната пријава од Левица само ќе кажам дека има многу повеќе политика отколку суштина. Се надевам дека професорите по право во Левица подготвиле добра и издржана кривична пријава којашто за мене ќе значи кривична одговорност. Ако не биде така, тогаш ќе очекувам да ми се извинат. Така функционираат работите во животот. Ако сте погрешиле, а притоа сте нанеле некому штета поради вашата грешка, тогаш доблесно би било да се извините затоа што може да се соочите со контра-кривична пријава за клевета и за лажно пријавување. Јас барем така ги гледам работите – изјави Мицкоски.






Инаку, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, претходно денеска кажа дека поднеле кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи сметаат дека тој ја попречува правдата кога во прашање е случајот за пожарот во Кочани.

Според нив, гледаат судир на интереси помеѓу републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и Мицкоски, бидејќи иако започнала постапката за разрешување, таа е стопирана.

Според Левица, за возврат, Коцевски не ги гони функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, за кои, тие сметаат дека имаат вина.

– Сите седуммина мораше да бидат опфатени во истрагата. Сметаме дека нудењето корист е прво овие вмровски функционери да не бидат опфатени, некои му биле советници на Панче Тошковски и имале шеми за испумпување пари од МВР. Договорот е да му го продолжат мандатот, а овие да го заштитат од кривичен прогон. Обвинението е криво поставено – рече Апасиев.

Тој замерува што никој не е обвинет за корупција. Посочува дека како доказ предложиле и распит на премиерот.

– Се надеваме дека ќе смогне Обвинителството сили да го викне на распит – додаде тој.

Потоа, тој објасни дека го пријавиле премиерот и за оддавање на службена тајна.

– Имаме обезбедено писмени докази – посочи Апасиев.

Поврзани содржини