„СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ДЕЦАТА ЌЕ ВИ УМРАТ ДЕЦАТА“ Испратени морбини закани до Мората, уапсен 19-годишен Шпанец

Заканите се поради промашениот пенал на напаѓачот во финалето на Лигата на нации, што Шпанија го загуби од Португалија.

428

Полицијата во шпанскиот град Малага уапси 19-годишен маж кој се сомничи дека испраќал смртни закани преку социјалните мрежи кон фудбалерот Алваро Мората (32) и неговото семејство. Заканите се поради промашениот пенал на напаѓачот во финалето на Лигата на нации, што Шпанија го загуби од Португалија.

Како што објави реномираниот шпански спортски весник „Марка“, инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, во кој Португалија славеше со 5-3 на пенали. Мората беше непрецизен во четвртата серија, што предизвика жестоки реакции од дел од навивачите.






– Разбирам дека луѓето ме критикуваат затоа што не постигнав гол – изјави Мората за шпанските медиуми.

– Но, сакам луѓето да се стават во моја позиција. Не знаат какво е чувството да примаш пораки со содржина: „Се надевам дека вашите деца ќе умрат“. Тоа е страшно – вели шпанскиот репрезентативец.

Уапсениот маж се соочува со сериозни обвиненија за загрозување на животот и закани преку интернет, а полицијата веќе го предаде случајот на обвинителството. Се истражуваат и други потенцијални инволвирани лица кои можеби биле дел од координирана онлајн кампања на омраза.

Поврзани содржини