СЕ МОЛИМЕ ЗА РЕШЕНИЕ ПРИФАТЛИВО ЗА СИТЕ Владиката Јован не ни знаел дека МПЦ-ОА денеска ќе расправа за интеграцијата на ПОА

Разбрав дека конечната одлука ќе ја чуеме на Соборот на СПЦ и се надеваме дека крајното решение, со божја помош, ќе биде прифатливо за сите нас. Да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите, изјави архиепископот Јован за Плусинфо.

2,368

Навистина не знам за што точно било разговарано и што точно било договорено на денешната седница на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) во однос на интеграцијата на Православната охридска архиепископија (ПОА), па нам не ни останува ништо друго освен да го почекаме мајскиот Собор на Српската православна црква (СПЦ) и таму да ја чуеме конечната одлука.

Ова, во разговор за Плусинфо, го изјави поглаварот на ПОА, г.г. Јован. Тој призна дека бил затечен од одлуката на МПЦ-ОА на синодска седница денеска да расправа за интеграцијата на ПОА и за распределбата на епархии за владиците од ПОА.






– Јас не знам ништо подетално од тоа што го разбрав од вас новинарите. Немаме директна комуникација со МПЦ-ОА и воопшто не знаевме дека Синодот на МПЦ-ОА ќе заседава за ова прашање. Не дознавме ништо по официјален пат. Седницата се одржа, но јас навистина не знам што се разговарало и какви одлуки се донесени. Разбрав дека конечната одлука ќе ја чуеме на Соборот на СПЦ и се надеваме дека крајното решение, со божја помош, ќе биде прифатливо за сите нас. Да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите – ни изјави архиепископот Јован.

Претходно и портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј, рече дека целосната интеграција очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или на 15 мај.

 

ПОДЕЛБАТА НА ЕПАРХИИТЕ УШТЕ Е ТАЈНА Одлуките на владиците на МПЦ чекаат амин од српските владици

 

ОДЛУКАТА ЗА ИНТЕГРАЦИЈАТА НА ПОА ТРЕБА ДА ЈА ПОТВРДИ СПЦ Ќе има ли незадоволства по поделбата на епархиите?

Поврзани содржини