СЕ МОЛАМ ЗА ЛУЃЕТО ВО УКРАИНА, МОРА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ Анџелина Џоли се огласи за состојбата (ФОТО)

Актерката Анџелина Џоли е хуманитарка и борец за човековите права, поради што не останала имуна на моменталната состојба во Украина.

734

Актерката Анџелина Џоли е хуманитарка и борец за човековите права, поради што не останала имуна на моменталната состојба во Украина.

„Како и многумина од вас, се молам за луѓето во Украина“, напиша актерката Анџелина Џоли (46) на социјалните мрежи.






– Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги, е да направам сз што е можно за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот – продолжи актерката.

– Веќе видовме извештаи за жртвите и луѓето кои почнаа да бегаат од своите домови во потрага по безбедност. Премногу е рано за да знаеме што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се прецени – додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Да потсетиме, актерот Шон Пен (61) моментално е во Киев и снима филм за руската инвазија.

На протестот против руската инвазија на Украина пред руската амбасада во Мадрид се приклучи и колегата Хавиер Бардрем (52).

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини