СЕ МЕНУВА ЛИКОТ НА РАДИШАНИ Населбата добива игралишта, парк, паркинг
Овој спортско рекреативен центар ќе содржи модерно фудбалско игралиште со високо квалитетна вештачка трева, баскет игралиште со специјална подлога за баскет, модерно детско игралиште, парк за рекреација на граѓаните и паркинг простор.
Радишани наскоро ќе добие нов ултра модерен спортско рекреативен центар, најави градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, преку статус на Фејсбук.
Локацијата е веднаш спроти манастирот „Св. Наум“ кај местото викано Олимпија.
Овој спортско рекреативен центар ќе содржи: модерно фудбалско игралиште со високо квалитетна вештачка трева, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување, баскет игралиште со специјална подлога за баскет, нови кошеви и ново лед осветлување, модерно детско игралиште, парк за рекреација на граѓаните и паркинг простор.
„Го менуваме ликот на општина Бутел, секое населено место до крајот на мојот мандат ќе добие нов лик“, напиша Костовски.