📸 СЕ МАЖИ ЌЕРКАТА НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Невестата блесна со младоженецот во хотел во центарот на Скопје
Парот свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, додека како што пишува Курир на прославата ѝ претходела традиционална забава и земање на невестата од дома.
Вечерва се мажи ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, дознава Курир. Таа му се заколна на вечна љубов на долгогодишното момче Дамјан.
Младенците првиот танц го одиграа на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.
Парот свадбената веселба ја прави во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, додека како што пишува Курир на прославата ѝ претходела традиционална забава и земање на невестата од дома.
Инаку Бранко Црвенковски со поранешната дама на Македонија, Јасна го има и синот Љупчо кој неодамна го направи Бранко горд дедо, како и ќерката Марија.