СЕ КРИЕЛ, ПА СЕ ПОФАЛИЛ ДЕКА Е ПИЦА-МАЈСТОР Уапсен озлогласениот шеф на мафијата на југот на Италија

Во написот, тој бил наречен Италијанец по раѓање, но во срцето жител на Сент Етјен. Неговата слика до весникот била доволна за полицијата да потврди дека се работи за него и дека трагата која водела до јужна Франција е точна.

301

Статија во весник го издаде озлогласениот италијански шеф на мафијата Едгардо Греко. Најмалку три години се криел како пица-мајстор на југот на Франција, а потоа се охрабрил да се пофали во весник. Греко бил првично господар на југот на Италија и Калабарија, шеф на групата „Ндрангета“, за разлика од неодамна уапсениот Месина Денаро кој бил „капо ди тути капи“ во „Коза Ностра“, пишува Би-Би-Си.

И двајцата биле барани за грозоморни убиства во 1990-тите. Тогаш владееле т.н. „мафијашки војни“. Во една од нив, две лица, Стефано и Џузепе Бартоломео биле претепани до смрт во продавница за риби во малото гратче Козенца. Нивните тела се верува дека биле растворени во киселина.






Греко бил дел од ривалска банда, а исто така бил обвинет и за обид за убиство на друго лице подоцна истата година во истиот град. Кога правосуден судија издаде налог за негово апсење во 2006 година, Греко избега. Тој веќе е осуден на доживотен затвор.

 

Осум години подоцна, тој се населил во францускиот град Сент Етјен, југозападно од Лион и на крајот се вработил како пица мајстор во италијански ресторан. Го сменил името во  Паоло Димитрио.

Меѓутоа, во јули 2021 година, тој беше доволно уверен во својот нов назив што дури и се појави во локален весник, фалејќи се во статија за „регионалните и домашни рецепти“ на неговиот ресторан како равиоли, рижото и таљатели.

Греко, кој користел име на криминалец од Апулија во југоисточна Италија, тогаш носел сива брада и очила. Во написот, тој бил наречен Италијанец по раѓање, но во срцето жител на Сент Етјен.

УАПСЕН „КАПО ДИ ТУТИ КАПИ“ Денаро „ѓаволот“ е меѓу 10-те најбарани криминалци во светот

 

 

Поврзани содржини