СЕ КРИЈАТ ИМОТИ, НЕ СЕ ПОТПОЛНУВААТ АНКЕТНИ ЛИСТОВИ Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе примери на непријавен имот на функционери

Пратеникот Петрушевски ја повика Антикорупциската комсија да ги испита наводите, а министерот за правда Тупанчевски вели дека во моментов постојат инструменти и механизми за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот.

182

ВМРО-ДПМНЕ вчера објави имот на неколку личности, именувани функционери и членови на управни одбори во јавни претпријатија, за кој тврди дека не им е пријавен во анкетните листови, кои се задолжени да ги пополнат.

За Алберт Муслиу, кој од декември 2017 година е именуван за претставник определен од Владата во Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека пет години нема поднесено анкетен лист до Антикорупциската комисија.

– Што крие Муслиу? Според нашите истражувања Муслиу на сопствено име поседува куќа во Скопје од 118 м2 и стан во Центар од 81 м2. Истовремено тој е основач на Здружението Институт за мир и безбедност и истражување политики Коница Скопје, како и на фирмата за трговија Макро медизјави пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

За Ивица Јевтиќ, член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека не пријавил никаков имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК, рече пратеникот Петрушевски. Тој додаде дека Јевтиќ еадвокат, правен застапник на СДСМ, како и член на Надзорниот одбор на партијата.

Петрушевски тврди дека имот крие и директорот на ЈП Македонски шуми, Валентин Груевски, како и Новица Печински, член на Управен одбор Здравствен Дом Берово, кој пријавил во анкетниот лист куќа во Берово и автомобил Фолксваген, иако тие се на негово име.

Петрушевски ја повика ДКСК и останатите институции да почнат да ги испитаат неговите тврдења, а истовремено ги повика Јевтиќ и Груевски да си поднесат оставки на позициите кои ги држат и да платат казна која им следува по закон, а за тоа постапка да покрене ДКСК.

– Институциите да го испитаат нивниот имот, но и дали имаат и друг имот кој е на нивни блиски роднини, а може да се доведе во корелација со нив. Ние продолжуваме со објавување на детали. Одговорност мора да има – рече Петрушевски.

Министерот за правда Никола Тупанчески изјави денеска дека очекува во најскоро време да биде доставена драфт-верзијата на предлог-законот за потекло на имот.

– Имав средба со претседателката на Антикорупциската комисија, разговаравме и за Законот за утврдување на потекло на имотот и би требало драфт верзијата да биде готова. Очекувам, во најскоро време и ние како Министерство за правда не само да бидеме запознаени, туку да дадеме и свој придонес. И без овој закон, во моментов постојат инструменти и механизми за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот – изјави Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.

Поврзани содржини