СЕ КРЧКА НОВИОТ АЛБУМ НА ТЕЈЛОР СВИФТ Мега ѕвездата ја освои главната „Ем-ти-ви“ награда

Годинашните видеомузички награди се одржаа на помалку од еден час во „Пруденшал центар“ во Њуарк, Њу Џерси, САД. Настанот го водеа Ники Минаж, Џек Харлоу и Ел-ел Кул Џеј.

41

На видеомузичките „Ем-ти-ви“ награди за 2022 година Тејлор Свифт ја освои главната награда на вечерта за најдобар видеоспот и долг видеоспот, за „All Too Well“. Мегаѕвездата го најави ибјавувањето на својот нов албум.

– Почестена сум што ме препознаваат покрај такви неверојатни уметници и режисери. Првпат во историјата на „Ви-ем-еј“, четири од режисерите во категоријата за видеоспорови на годината се жени… „Друштво“, јас сум многу горда на она што го направивме и со секоја секунда од овој минифилм и, немаше да можеме да го направиме ако не беа обожавателите – изјави Свифт, излегувајќи на сцената по вторпат вечерта.






Еден од можеби најспектакуларните мигови, беше изненадувачкото појавување на Џони Деп кој „лебдеше“ над сцената облечен како космонаут. Хари Стајлс ја доби значајната награда – за албум на годината.

Годинашните видеомузички награди се одржаа на помалку од еден час во „Пруденшал центар“ во Њуарк, Њу Џерси, САД. Настанот го водеа Ники Минаж, Џек Харлоу и Ел-ел Кул Џеј.

Поврзани содржини