СЕ КОВАЛЕ ЛИ МРАЧНИ ПЛАНОВИ ВО НИШКАТА КАФЕАНА „МРАК“, МЕЃУ КОЛУВИЈА И РАШКОВСКИ? Репортажа на Н1 за нелегалниот бизнис со марихуана во Македонија
Вниманието на јавноста го привлече пишувањето на БИРН за тајна средба во нишката кафеана „Мрак“, на која со контроверзниот српски бизнисмен Колувија бил и Драги Рашковски. Што се раскажува во репортажата на српската телевизија Н1 за оваа средба и за настаните со кои е поврзана?
Во најновата репортажата за плантажите со марихуана во селото Росоман, телевизијата Н1 зборува врските со контроверзниот српски бизнисмен Предраг Колувија и за средбите со обвинетиот Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата и човек близок на Зоран Заев, во српската кафеана „Мрак“ во Ниш.
Додека во Србија се тврди дека бизнисот на Колувија отишол во Унгарија, природата на неговиот бизнис во Македонија сè уште не е целосно утврдена. Што точно имало под оранжериите што ги имал во таа земја, за кој пазар биле наменети пшроизводите, кои му биле вистинските партнери, се раскажува во сторијата на Гордана Бјелетиќ, која ја истражуваше оваа тема за „Newsnight“.
Претседателот на здружението „Макканабис“, Костадин Дуковски, вели дека немањето регулатива води до тоа што не се знае колку од плантажите всушност одгледуваат канабис, дали производот е навистина медицински и каде завршува.
– Од суштинско значење е да добиеме материјален закон кој ќе ги пропише сите правила, контролни и инспекциски методи. Сега немаме ни инспекциски надзор. Комисијата има одредени овластувања според законот, но тие не се доволни – вели Дуковски,
Токму оваа комисија дошла на увид во Росоман 10 дена пред апсењето на Колувија во Србија.
– Таму утврдија дека не се води евиденција. Не знаеме дали таму биле засадени повеќе садници и каде завршиле. Шпекулациите можат да траат до… до утре – вели за Н1 новинарот Владо Апостолов од БИРН Македонија.
Вниманието на јавноста го привлече пишувањето на БИРН за тајна средба во нишката кафана „Мрак“. Таму со Колувија, меѓу другите, бил и генералниот секретар на Владата на Македонија, Драги Рашковски.
– Тоа не изненади. Затоа што тој никогаш не ни се јави (Рашковски) во целото истражување. Иако еден од партнерите на Колувија во медиумите и во судирите меѓу опозицијата и власта се споменуваше како негов роднина. Нашата врска со Заев беше подиректна, но изгледа и оваа не беше многу лабава – вели Владо Апостолов.
Апсењето на Рашковски нема врска со трговијата со наркотици. Истрагата и сега судскиот процес се водат поради сомневање за коруптивни дела и спорни тендери.
Koлувија на јавноста ѝ е познат како човекот кој сакаше да го намести братот на претседателот Александар Вучиќ. Бизнисменот Колувија беше уапсен на пат кон Македонија, каде наводно требало да добие македонски пасош.