Се консолидира раководството на ЗК Пелагонија
На седницата едногласно биле донесени одлуки во интерес на понатамошното успешно работење и функционирање на Комбинатот.
Александар Поповски, предложен од страна на „Орка холдинг“, е избран за нов извршен член на Одборот на директори на ЗК Пелагонија а.д. Битола, на денешната седница на собранието на акционери. Поповски доаѓа на местото на извршниот директор Драган Китановски, по неговата ненадејна смрт.
На седницата едногласно биле донесени одлуки во интерес на понатамошното успешно работење и функционирање на Комбинатот. Единствена поделеност постоела во однос на предложената точка за измена на Статутот на Земјоделскиот комбинат Пелагонија а.д. Битола, за кој се барало да биде составен од 6 члена. Со поголемо мнозинство преовладал ставот на „Орка холдинг“ да нема промена на Статутот на Комбинатот, во кој има 5 члена, 1 извршен и 4 неизвршни.