СЕ КАРА СО ТРАМП, НО ИЗГЛЕДА НЕ СЛУШНАЛА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА!? Еврокомесарката Јурова тврди дека „во Европа никој никого не спречува да го изрази својот идентитет“

Во изминатите 10 години многу патував низ ЕУ, но генерално, никогаш не видов никого во Европа да каже дека ЕУ некого го спречува да го изразува својот идентитет - истакна Јоурова, коментирајќи го делот од стратегијата на САД во кој се тврди дека Европската Унија го уништува културниот идентитет.

427

„Апсолутно непознавање на работите е да се тврди дека Европската Унија го уништува културниот идентитет“, изјави поранешната еврокомесарка Вера Јурова за бриселскиот портал „Политико“, коментирајќи ги оценките за ЕУ изнесени во Стратегијата за национална безбедност на САД.

– Во изминатите 10 години многу патував низ ЕУ. Видов самоуверени луѓе, горди на својата култура, јазик и уметност. Да, некои земји имаат проблем со интегрирањето на (луѓе од) трети земји, но генерално, никогаш не видов никого во Европа да каже дека ЕУ некого го спречува да го изразува својот идентитет – истакна Јурова.






Во Стратегијата за национална безбедност на САД, објавена минатата недела, меѓу другото се оценува и дека европскиот континент е на „пат кон цивилизациско бришење“ и дека ЕУ претставува „закана за демократијата“ и се повикува на „отпор на европските нации кон моменталната траекторија на Европа“, за што се ветува и американска помош „за исправање“ на таа траекторија.

Јурова, која од 2014 до 2019 беше еврокомесарка за правда, заштита на потрошувачите и родова еднаквост, а од 2019 до 2024 за вредности и транспарентност, додава дека обидите на Вашингтон да ја прикаже ЕУ како „културна пустелија на работ на колапс“, не се совпаѓаат со нејзиното искуство поврзано со Унијата.

Таа се осврнува и на изјавите на сопственикот на Икс, Илон Маск, која се спореди ЕУ со нацистичка Германија и повика на нејзино укинување.

– Токму на ваквите пораки се радува Кремљ. Се она на што се радува Кремљ не е добро за Европа, изјави Јурова, која неодамна во друга прилика го обвини Маск дека „не е во состојба да разликува добро и зло“.

Инаку, во ЕУ преовладува воздржаност околу коментирањето на ставовите изнесени во Стратегијата. Еден од ретките кои се огласи беше претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој вчера од Париз предупреди дека Европа „не може да ја прифати оваа закана за мешање во политичкиот живот на Европа“.

Поврзани содржини