СЕ КАЧИЛ НА СКАЛА ДА ГАСНЕ, КОГА СЛЕГОЛ ЗАГЛАВИЛ ВО ВРЕЛ КАРАМЕЛ Повредените пожарникари во „Макпрогрес“ имаат изгореници од прв степен

Дел од осуммината повредени вработени во фабриката што се наоѓаат на Клиниката за токсикологија во Скопје, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

484

Тројца од повредените пожарникари при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница што беа згрижени во Општата болница во Кочани се пуштени на домашно лекување. Четвртиот пожарникар, кој е припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во штипската Клиничка болница, информираше Катерина Паниќ Мирчовска, в.д. директорка на кочанската болница.

Таа се надева на позитивни наоди при испитувањата на четвртиот пожарникар, по што и тој ќе си замине во својот дом.






Сите досега згрижени пожарникари во Болницата во Кочани се со изгореници од прв степен на долните екстремитети. Ги добиле кога при гаснењето на пожарот во „Макпрогрес“ западнале во стопена течна маса од шеќер која горела.

Пожарникарот од Штип гасел оган за да спречи пламените јазици да стасат до боци со плин, по што слегувајќи од скала се заглавил во течната маса што горела. Другите тројца, помагајќи му да се извлече од лепливата течност, како и тој, се здобиле со изгореници на нозете.

Од тројцата што се пуштени на домашно лекување, еден пожарникар е од Свети Николе, а двајца се од Виница. Четвртиот пожарникар врз кого денеска се вршат дополнителни испитувања е од Штип.

Дел од осуммината повредени вработени во фабриката што се наоѓаат на Клиниката за токсикологија во Скопје, денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Состојбата им е стабилна, информираат од Министерството за здравство.

 

Поврзани содржини