СЕ КАЧИЛ НА ПЕДАЛИНКА, А НЕ ЗНАЕЛ ДА ПЛИВА Драма во водите на Дојранско Езеро, се трага по давеник

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР „Тигри“ за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија“, соопштија од ЦУК.

770

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека едно лице исчезнало во водите на Дојранско Езеро.

„Настанот се случил кога лицето било качено на педалинка што најверојатно се превртела, а човекот не знаел да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР „Тигри“ за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија“, соопштија од ЦУК.

Поврзани содржини