СЕ ИЗВИНИ ДЕВОЈКАТА КОЈА ГИ ВОЗНЕМИРУВАШЕ ЖИВОТНИТЕ ВО ЗОО СКОПЈЕ Мила вели дека згрешила, но не ги вознемирувала животните (ВИДЕО)
Анастасовска во видеото за извинување тврди дека ги сака животните и без да размислува влегла кај мечката да ја нахрани со корки леб.
Девојката која вчера сподели видео на Тик Ток на кое се гледа дека ги вознемирува животните во зоолошката градина, сними ново видео во кое се извинува за постапката.
Таа во видеото за извинување тврди дека ги сака животните и без да размислува влегла кај мечката да ја нахрани со корки леб. Таа вели згрешив, но не ги вознемирував животните.
Во спорното видео девојката ја пречекорува оградата и влегува кај мечката во скопската зоолошка, потоа ги вознемирува и шатките.
На ова реагираа од Зоолошката со став дека девојката со ова си ја загрозила сопствената безбедност, а ги вознемирувала животните. Најавена е и пријава во полиција.
Според медиумите девојката е Мила Анастасовска која е студент по криминологија на факултет за безбедност.