📽️ СЕ ИЗВЕДУВА СЛОЖЕН ИНЖЕНЕРСКИ ЗАФАТ НА КОСИНИТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД Се очекува набрзо да биде пуштен во употреба

Министерот за транспорт Александар Николски рече дека целта на изградбата на автопатот Охрид-Кичево не е само да се заврши, туку да биде и безбеден патен правец кој што ќе се користи во наредните децении.

2,606

За прв пат во вака голем обем на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати, за да се стабилизираат косините и земјиштето и да се овозможи безбедно автопатско решение, изјави министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на работите на автопатот Охрид-Кичево каде што се врши овој зафат кој, како што рече, се прави за прв пат во регионот.






– Се работи буквално на пробивање на планини, за косини коишто се од 100 до 200 метри, за земјиште коешто постојано се спушта до главната траса и за бројни проекти, кои што за жал 11 години откако почнал да се гради овој автопат не биле решавани. Со изборот на новата Влада, почнаа овие проблеми да се решаваат. Решаваме вкупно 16 косини, од кои што на 14 ќе имаме стабилизација со таканаречени галерии, нешто што за прв пат ќе се изведува, не само во Македонија, туку во целиот регион, каде што со армиран бетон се застанува цела планина, нешто што регионот го нема видено – рече Николоски.

Тој рече дека  целта на изградбата на автопатот Охрид-Кичево не е само да се заврши, туку да биде и безбеден патен правец кој што ќе се користи во наредните децении.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ , пак, порача дека многу брзо ќе биде готов овој автопат кој ќе овозможи и побрз проток на стоки и услуги и ќе генерира развој на регионот.

-Верувам дека со ваквиот ангажман што сега го имаме, дека Македонија ќе стане атрактивна дестинација и за регионот. За да не се избегнува, туку да биде дестинација којашто ќе ја посетуваат сите и од соседните земји, меѓутоа и од Европа – рече Сајкоски.

Николоски објави и видео од работите на патот.

Поврзани содржини