СЕ ИЗЛИЗГАЛ ТЕРЕНОТ И СЕ ОШТЕТИЛ КАНАЛОТ Екипи на ЕСМ ја санираат штетата во Врбен

Како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.

405

На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.

– Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен – додаваат оттаму.

Поврзани содржини