СЕ ИЗЛИЗГАЛ СО ЏИП НА ПАТОТ ГАЛИЧНИК-ЛАЗАРОПОЛЕ Холандски државјанин без повреди бил пренесен во Маврово

Сообраќајката се случила вчера доцна попладне по што од ПС во Маврово и Националниот парк Маврово се упатиле кон местото на инцидентот

232

Холандски државјанин бил спасен откако неговото возило се излизгало на регионалниот пат Галичник – Лазарополе, соопшти РЦУК Гостивар. 

Сообраќајката се случила вчера доцна попладне по што од ПС во Маврово и Националниот парк  Маврово се упатиле кон местото на инцидентот.  






Странскиот државјанин бил извлечен без повреди и пренесен во Маврово. 

Поврзани содржини