СЕ ИЗЛЕА ЦРНО МАСЛО ОД АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА Полицијата го пренасочува сообраќајот
Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеватор Борис Трајковски во близина населбата Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот, соопшти полицијата.
Црно масло од непознато потекло е излеано на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода и тоа од атмосферската канализација!
Според очевидците, маслото почнало да тече од канализацијата, а возилата го разнеле по асфалтот, кој станал лизгав и опасен.
Полицијата и инспекторите се на терен. Треба да се утврди кој го направил овој тежок еколошки прекршок. Истрагата треба да одговори кој истурил масло во атмосферската канализација, колкава количина на масло е излеано, каков е неговиот хемиски состав, каде завршил останатиот дел од маслото и слично.
„Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеватор Борис Трајковски во близина населбата Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот“, одговори полицијата на прашање на Плусинфо.