СЕ ИСПИТУВА СЛУЧАЈОТ НА БУЛИНГ ВО ГРАДСКО Тренчевска најави дека ќе бидат преземени мерки

Министерката за труд и социјална политика информира дека социјални работници работат на случајот.

146

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека се преземат мерки за случајот со булинг врз ученик од основно училиште во  Градско.

Министрката рече дека на случајот работат социјални работници од Центарот за социјални работи од Велес.






– Секоја злоупотреба и секое насилство на дете треба да се пријавува во центрите за социјална заштите, во овој случај од Велес.  Се преземаат мерки од страна на социјалните работници. Ќе се испита случајот и по известувањето за случајот ќе се преземат понатамошни мерки –рече Тренчевска.

За малтретираното детето од двајца негови соучесници информираа родитлеите кои случајот го пријавија во полиција. Детето во два наврата, на 4 и на 11 ноември, како што информираа родителите, од училиште се вратило и со скината долна облека и со гребаници по телото.

 

Поврзани содржини