📽 СЕ ИСКРШИЛЕ ВО АВИОН! Тепачка меѓу патниците го принудила пилотот итно да слета во Белград

По принудното слетувањето во Белград, проблематичниот патник што го предизвикал хаосот бил однесен од локалната полиција која го изнела од авионот, а авионот продолжил кон крајната дестинација во Даламан, Турција.

6,928

 

Поради хаосот предизвикан од тепачка меѓу патниците, авионот на „Сан експрес“ кој на 9 април во 19.30 часот полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција, мораше принудно да слета во Белград.






Во расчистувањето на драмата се вклучила и полицијата, а авионот на крајната дестинација стигнал со задоцнување од два часа, пишува Дејли мејл.

Видеата што ги снимиле некои од патниците беа споделени на социјалните мрежи, а за инцидентот се огласи и авиокомпанијата „Сан експрес“.

По слетувањето во Белград, проблематичниот патник што го предизвикал хаосот бил однесен од локалната полиција која го изнела од авионот, а авионот продолжил кон Турција.

 

 

Поврзани содржини