СЕ ИНТЕНЗИВИРА БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА Конкретни чекори веќе се видливи
Министерката за финансии вели дека целта не е да се казнува, туку да се воведе ред и почитување на законите.
Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук.
Таа додва дека веќе се прават чекори во сузбивање на сивата економија преку воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината. Тие овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем.
-Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите, а системот функционира транспарентно – вели Димитриеска-Кочоска.