СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ За 10 минути со кола ќе се стига од Данска во Германија

Тунелот кој ќе биде долг 18 километри ќе ги поврзува Данска и Германија и се гради под Балтичкото Море.

948

Започна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ги поврзува Скандинавија и Централна Европа.

Станува збор за тунелот Фемарнбелт долг 18 километри кој ќе ги поврзува Данска и Германија под Балтичкото Море. Планирано е да има патен и железнички сообраќај и се очекува да биде пуштен во употреба во 2029 година.






Тунелот треба да го скрати и времето на патување меѓу Данска и Германија. Патувањето со воз ќе трае 7 минути, а патувањето со автомобил  10 минути. Сегашното патување со траект трае 45 минути.

Изградбата ќе чини 4,8 милијарди евра, а целосно е финансирана од Данска, која подоцна ќе одлучува за наплатата на патарините за тунелот.

 

Поврзани содржини