СЕ ГРАДИ НАЈДОЛГИОТ ПОДМОРСКИ ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ Патувањето од Данска до Германија ќе биде покусо за 130 километри
Преминот кој ќе биде долг 18 километри ќе се состои од делови од тунелот кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море, односно нема да има дупчење под морското дно.
Данска и Германија почнуваат да го градат најголемиот подморски тунел кој треба да биде завршен до 2029 година.
Таканаречениот тунел „Фемарн појас“ (Fehmarnbelt) ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете земји за 130 километри.
Ова сообраќајно поврзување меѓу двете земји ќе се состои од делови од тунелот кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море, односно нема да има дупчење под морското дно.
Врската меѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.